МАКЕДОНСКИ ТОКСИКОЛОШКИ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

ПОВЕЌЕ

Македонскиот Токсиколошки информативен центар е составен дел од Универзитетската клиника за токсикологија во Скопје.

Со донесување на Законот за хемикалии, во 2007 год и со одлука на Бирото за лекови, Министерство за здравство, објавена во Службен весник бр 133/07, се формира Центар за информации за труења со хемикалии, со локализација на Универзитетската Клиника за токсикологија.

Во Центарот и Клиниката се вработени 16 лекари (www. toksikologija.com.mk) кои пружаат медицински и информативни услуги 24 часа, 7 дена неделно. Информации во однос на труења се пружаат на болници и лекари, како и на цивилното население на тел. 02 / 31 47 635. Истовремено се собираат и повратни информации од сите Медицински центри и Универзитетски установи кои третираат или обработуваат затруени болни до Центарот со цел да се има подобар увид во националниот профил на труења и адекватноста на нивниот третман.

E-mail:

Наслов:

Порака: