ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЗАТРУЕНИ ЛИЦА

КОНТАКТ ТЕЛЕФОН

ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ТРУЕЊА

Една од задачите на Центарот за труење со хемикалии е да ја следи динамиката, средствата и таргет популационите групи за поедини труења како и начинот на справување со овие проблеми.

Истото ќе помогне и во поблиско одредување и детектирање на поедини несакани ефекти при труења со хемиклии или фармацевтски препарати. За таа цел, Ве молиме, во формуларот кој е даден на оваа страна да ги внесете основните податоци за пациентот, основните принципи на неговиот третман и исходот на лекувањето во Вашата установа.

Однапред благодариме на соработката!

0 Превземи формулар

 

ФОРМУЛАР ЗА ТРУЕЊЕ СО ХЕМИКАЛИИ И ПЕСТИЦИДИ

Главната улога на Токсиколошкиот информативен центар е да дава совети на цивилното население и медицинки персонал во случај на акутна изложеност или труење со хемикалии или лекови.

Покрај намерните, забележани се многу случаи на труење со хемикалии или лекови кои настануваат случајно, посебно кај децата,во домот или кај возрасните на работното место

Постарите лица со напредната деменција или хендикепираност се исто така изложени на висок ризик од случајни труења.

Со цел да се обезбеди адекватен третман на истите потребна е актуелна информација за составот на средтството со кое е извршено труењето.

Од практични причини , покрај законската обврска за пријавување на составот на средствата (Закон за хемикалии, 2008 год) на Токсиколошкиот информативен центар, љубезно ги молиме прозведувачите и увозниците на хемиски субстанции да ни ја обезбедат соодветаната информација преку електронско пополнување и испраќање на формуларот кој ќе го најдете на оваа страна. (Формулар за пријавување на хемиски произовди) .

Информацијата ќе се чува како доверлива и ќе биде употребена исклучиво во случај на труење со соодветната хемикалија. Центарот прифаќа и Safety Data Sheets

0 Превземи формулар

 

ФОРМУЛАР ЗА КОЗМЕТИКА

Главната улога на Токсиколошкиот информативен центар е да дава совети на цивилното население и медицински персонал во случај на акутна изложеност или труење со хемикалии или лекови.

Поради појавата на труења со козметички препарати и средства за лична хигиена, а во склоп со законската обврска за пријавување на составот на средствата (Закон за хемикалии, 2008 год), љубезно ги молиме прозведувачите и увозниците на овие препарати да ни ја обезбедат соодветаната информација преку електронско пополнување и испраќање на формуларот кој ќе го најдете на оваа страна.(Формулар за пријавување на козметички средства)

.

Информацијата ќе се чува како доверлива и ќе биде употребена исклучиво во случај на труење со соодветната субстанција од мдицински причини.

Информациите кои се однесуваат за типот и составот на препаратите и нивното групирање може да се најдат на линкот (www.colipa.com) под Publications, Guidelines, да се симнат бесплатно од страната или бесплатно да се нарачаат

0 Превземи формулар

Центар за информации за труења со хемикалии

ЈЗУУ Клиника за токсикологија
ул.Водњанска 17,
1000 Скопје,
Македонија

E-mail: contact@toxicocenter.com.mk
Web: www.toxicocenter.com.mk